Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ на гости против Нанси славеа со 1:2 во натпревар од деветото коло од Лига 1.
Лукас ја затресе мрежата на Нанси во 13-та минута. Пет минути подоцна Едисон Кавани се запиша во листата на стрелци. На полувреме се замина со водство на ПСЖ од 0:2. Диара во 55-та минута го намали водството на парижаните. До крајот на натпреварот резултатот не се промени, а ПСЖ запиша нова победа.
ПСЖ со денешната победа се врати на втората позиција и има 4 бода помалку од лидерот Ница. Нанси останува на дното на табелата.