До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Миралем Пјаниќ пред нешто повеќе од две години беше блиску до заминување од Рома, но не во Јувентус, каде што на крајот заврши.
Фудбалерите на Јувентус вечерва играат меч од Лигат1а на шампионите во гости кај Лион, а на конференцијата за новинарите пред овој натпревар се појави Пјаниќ кој на новинарите откри неколку многу интересни детали.
Имено, Пјаниќ во јанаури 2014 година беше на чекор од трансфер во екипата на ПСЖ, но трансферот сепак е одлучено да го стопира тогашниот спортски директор на клубот од Рим Валтер Сабатини.
„Во јануари 2014 година речиси да завршив во ПСЖ. Во тек беа конкретни преговори, а тогаш во последен момент ме повика спортскиот директор Валтер Сабатини и ми рече “Мире, нема да те пуштиме ни за 50 милиони“, рече Пјаниќ и тогаш ја спореди италијанската и француската лига.
„Натпреварувањето и ривалитетот меѓу клубовите е поголем во Италија. Во Серија А има многу добри екипи, со Јувентус се Рома, Наполи, Интер, Милан и Фиорентина. Во Франција имаше неизвесност тогаш кога јас играв во превенството отколку што е сега.
Тогаш силни беа Марсеј, ПСЖ, Бордо, Монако и Лил, а денеска е само ПСЖ и сите тоа го знаат. ПСЖ треба да има сопствен шампионат“, порача Пјаниќ.















