Работнички по втор пат падна на колена пред Пелистер, минимални победи на Шкендија и Вардар


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Денес со почеток од 13:30 се одиграа сите пет натпревари од 13-то коло во ПМФЛ.

    На Телеком Арена, битолски Пелистер запиша големи три бода на гостувањето против Работнички, 0:1. Во првото полувреме фудбалерот на Работнички, Најденов промаши пенал. Лукас Фереира Кардосо му донесе големи три бода на Пелистер на три минути до крајот на натпреварот.

    Ренова во Тетово славеше минимално против Шкупи, 1:0. Емран Рамадани во 81-ва минута беше човекот на одлука на победникот на натпреварот.

    Со погодокот со глава на Евгениј Новак, лидерот на табелата Вардар ја совлада Брегалница, 0:1. Во Битола, Шкендија славеше со 1:2 против прилепска Победа. Стенио Жуниор со глава погоди во четвртата минута за водство на тетовчани. Шаркоски во 40-та израмни. Конечните 1:2 ги постави Бесарт Ибраими во второто полувреме.

    Македонија Ѓорче Петров и Силекс ги поделија бодовите, 1:1.