Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар победи во Подгорица против Будуќност во натпревар од првото коло од главната фаза со 28:31.
После натпреварот тренерот на Вардарки, Давид Дејвис и десното крило Јованка Радичевиќ кажаа по некоја реченица.
„Му честитам на Драган Аџиќ, бидејќи го почитувам како тренер, и него и екипата. Ова беше добар натпревар. Тешко како и секогаш, и ние моравме многу да работиме како подготовка за натпреварот. Три недели се подготвуваме за овој меч. Видовте дека се играше „горе- доле” со резултатот. Ние имавме и доста проблеми, но победивме. Игравме со доверба, сакавме да победиме. Знаеме дека тука е тешко. Задоволен сум од играчите како игравме, и им честитам. Среќен сум поради тоа“, изјави Давид Дејвис, тренерот на Вардар.
„Би им честитала на соиграчите бидејќи на тежок терен освоивме два бода. Незнам кој успеал тука да победи, можеби Ѓер беше последен што триумфираше. Ние веруваме дека можеме да победиме. Драго ми е што и кога Будуќност водеше ние не ја загубивме вербата, туку бевме како едно. Беше тежок натпревар до последен момент. Мислам дека овие две екипи покажаа како се игра квалитетен ракомет“, изјави Јованка Радичевиќ.