Разочарување на Дин Корт – Борнмут и Тотенхем одиграа без погодоци


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во првиот натпревар од деветото коло во ПЛ одигран на Дин Корт, фудбалерите на Борнмут и Тотенхем ги поделија бодовите, 0:0.

    После пет минути игра голема шанса за водство имаа домашните преку Даниелс на кој му беше одбранет ударот. Ерик Ламела во 17-та минута немаше среќа бидејќи ја погоди стативата. Потоа голманот на Борнмут, Артур Боруч со фантастична одбрана го спречи ударот на Кристијан Ериксен. Вториот дел не донесе многу возбудување. Дени Роуз на петнаесет минути до крајот на натпреварот шутираше одлично, но Артур Боруч повторно го спаси Борнмут. Афобе пред крајот на натпреварот можеби ја имаше најголемата шанса за погодок, но со главата шутираше над голот. Резултатот остана 0:0.

    Тотенхем останува непоразен и после девет кола, 5 победи и 4 реми. Домаќинот на денешниот натпревар го забележа третото реми оваа сезона.