Раниери ги засука ракавите, еве што ќе промени во Фулам

Новиот тренер на Фулам, Клаудио Раниери прифати навистина тешки предизвици, најпрво да ја извлече екипата од се подолгата серија на порази (седум по ред), а потоа до крајот на сезоната да се обиде да се избори за опстанок со овој тим.

Славиша Јокановиќ не успеа да пронајде решение за играта во одбраната, а тој проблем му останува на Раниери.

На тоа сега работи тој, посебно што Фулам од почетокот на сезоната прими убедливо најмногу голови (31).
Тоа го потврди и во изјава за Скај Спортс.

,,На нас италјанските тренери одбраната ни е најважен дел од тимот. Важно е да имаме права визија како ќе се браниме, не само како дефанзивци туку како цел тим. За мене тимскиот дух е многу важен, знам дека Фулам има добра екипа, но потребна е и борбеност”- порача Раниери.

Дали ќе успее?

Неговото деби на клупата на Фулам е после паузата во првенството против Саутемптон.