Расел Вестбрук ќе издаде книга за модата и стилот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 

Откако играчите од НБА лигата го прогласија за најдобро облечен кошаркар, Расел Вестбрук одлучи да сподели неколку совети за модата и стилот на облекување. Тие неколку совети се претворија во книга а вчера тој најави дека книгата е готова и ќе излезе годинава.

 

Супер-ѕвездата на Оклахома Сити Тандер објави на својот Твитер профил дека книгата е насловена “Style Driver” и ќе излезе на 5 септември а цената ќе биде 55 долари по примерок.

Изгледа дека годинава му тргна на Вестбрук, најпрво играчите го прогласија за најдобро облечен помеѓу професионалците, потоа ја доби МВП наградата, како подарок му стигна Пол Џорџ како нов соиграч и сега тој дури ќе стане и објавен автор. 2017 се покажува како година на Расел Вестбрук.