Раул Гонзалез – Горд сум на играчите


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Вардар го повтори ланскиот успех на почетокот на сезоната со четирите триумфи по ред во групната фаза од лигата на шампионите. ПИК Сегед повторно заминува поразе, овојпат со 30-27, а тренерот Раул Гонзалез изјави дека е год на неговите играчи за прикажаната игра.

    „Пик Сегед одигра многу добар натпревар вечерва. Ние не го започнавме добро првото полувреме. Одбраната не беше добра, а имавме и многу грешки во нападот. Во второто полувреме ја променивме одбраната, а и со Милиќ на голот се направи разлика. Ова беше тежок натпревар за нас , Пик Сегед е одличен тим и јас сум горд на моите играчи оваа вечер.Задоволен сум од победата но мораме да ја продолжиме победничката низа и да триумфираме и во Загреб следното коло“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

    „Натпреварите со Пик Сегед се секогаш вака тешки и завршуваат на ваков начин. Тие се екипа која не можеш да ја добиеш со поголема разлика. Секоја топка беше важна за нас, среќни сме со победата. Вечерва направиваме голема работа. Нас не нè интересира колку е резултатот дали ќе победиме со еден и повеќе разлика, важно е дека запишавме два бода“, изјави Тимур Дибиров, ракометар на Вардар.