Раул Гонзалез – Фаворити сме против Загреб


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Пред натпреварот во ЛШ против Загреб тренерот на Вардар, Раул Гонзалез мисли дека е научена лекцијата од минатата година. Натпреварот се игра во сабота во Загреб.

    Вардар нема пораз во групата и сака да ја продолжи таа серија. Кај Загреб има големи промени, Веселин Вујовиќ си замина.

    „Секогаш кога има нов тренер сите сакаат да играат добро, а и тренерот да се покаже. Ние играме против Загреб, пред нивна публика, и со секогаш полна сила. Имаме притисок бидејќи сме фаворити на овој дуел, и имаме иста ситуација како лани кога му гостувавме на Колдинг. Тогаш Колдинг немаше освоено бодови, а ние загубивме таму. Јас мислам дека нешто научивме од лани, и треба да се фокусираме целосно околу утрешниот натпревар, и да работиме за да победиме. Но, треба и секого да го почитуваме и ривалот“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

    „Сите ќе патуваме, треба два натпревари да играме. Имаме проблеми со некои играчи, но утре ќе решиме кој ќе игра“, заврши Раул Гонзалез.