Раул: Горд сум на играчите, но веќе мислиме на следниот меч


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Вардар имаше одлична вечер во Франкфурт победувајќи го во гости Рајн Некар со 33-27 задржувајќи го првото место на табелата во Б групата. Нашиот тим го има рецептот како да одигра против Рајн Некар бидејќи ова ни е трета победа во меѓусебните натпревари во ЛШ, втора во Германија.

    Со овој меч одигравме половина од предвидените натпревари од групната фаза. Следниот викенд токму со Рајн Некар почнува вториот дел од седумте мечеви од групната фаза.

    Тренерот Раул Гонзалез повторно „извади џокер” на кој домаќините не беа подготвени. Жоан Кањељас постигна 10 гола, Хорхе Македа 4, а Лука Циндриќ 7. Тоа е тројката што решеташе, иако сите имаа одлична вечер и максимално залагање. Секој си ја заврши задачата што му беше доверена.

    „ Горд сум што сите играчи дадоа максимум, на овој меч. Тоа беше важен натпревар з анас, многу важен и знаевме дека ќе бид етешко тука да се игра. Но, сега веќе мислиме на она што претстои, а тоа е следниот меч, вели Раул Гонзалез.