Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд во интервју за британските медиуми, даде доста интересна констатација, во кое го октри неговиот најдобар гол во досегашната кариера.
Рашфорд ја збуни целата фудбалска јавност со неговата изјава. Талентираниот англиски напаѓач не го спомна дебитанскиот гол за Јунајтед минатата сезона во натпреварот против Митјиланд, ниту оној против Арсенал во Премиер лигата. Тој како негов најдобар постигнат гол го избра голот против Хул кој пред точно месец дена (27.8) го постигна во 90. минута од натпреварот.
„Влегов од клупата за резерви и го одлучив натпреварот. Му донесов на својот тим важна победа и тоа чувство беше сосема различно и поубаво од сите до сега. Никогаш пред тоа не постигнав гол во толку доцна фаза од натпреварот. Засекогаш ќе го паметам тој момент“, изјави Рашфорд.
„Невозможно е да се опише тоа чувство, кога ќе го прославите победничкиот гол во последната минута со навивачите. Веднаш отидов да го прославам со навивачите, тоа едноставно беше инстинкт. Мислам дека тоа е најважниот гол во мојата кариера и сакам повторно да доживеаам такво искуство“, додаде младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Рашфорд полека, но сигурно се вклопува во играта на Мурињо, тоа го докажува фактот дека се почесто се наоѓа во старниот состав на екипата од „Олд Трафорд“.