Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Н`Голо Канте беше понуден на Реал Мадрид, но „Кралевите“ два пати пати го одбиле.
Скаутите на Реал го гледале Канте додека играл во Франција, но претседателот Флорентино Перез одбил да плати осум милиони евра за одбранбениот играч од средниот ред, кој сега игра за Челси.
Во Реал сметале дека Канте не е маркетински добар потег и дека нема да привлекува навивачи на стадинот, но Лестер направи добра работа и го доведе во своите редови.
Канте со Лестер освои титула, а денеска е незаменлив во тимот на Антонио Конте, кој е прв на табелата. Во 53 натпревари за Лестер и Челси освои 120 бода.
Додека Канте беше повреден, Челси не можеше да „дојде до топката“ и не беше на врвот на табелата, а со него изгледа многу подобро. Но ете, Реал не беше заинтересиран.