Реал Мадрид го договори првото засилување за јануари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Долго време се поврзуваа Реал Мадрид со Давид Де Геа, но веројатно Кралскиот клуб најде голман во Шпанија и судејќи според се, се работи за долгорочно решение, но тоа треба да се докаже наредниот период.

Де Геа останува верен на Манчестер Јунајтед, а во Реал немаат повеќе време за чекање, па наводно веќе е договорена соработка со  Кеп Аризабалаг, млад голман кој доаѓа во зимскиот преоден рок од Атлетик Билбао.

На него во јуни му истекува договорот со Билбао, а во Реал Мадрид доаѓа за „само“ 20 милиони евра, што навистина не е многу, земајќи ги во предвид неговите години и потенцијал, но и цената на другите млади голмани како што е на пример Донарума.

Кеп ќе има плата од 2.5 милиони евра годишно на Сантијаго Бернабеу, а со неговото доаѓање, Реал веројатно ќе го пушти Кико Касиља, додека Хесус Навас ќе остане како „ангел чувар“ на младиот голман до летото.

Младиот Кеп ќе потпише договор на шест години, а Марка твдри дека доколку ги исполни очекувањата, Кралевите ќе се повлечат од барање на голмани.

Реал сеуште се нема огласени, а Атлетик не сакаат да признаат дека изгубија голем талент, но според се веројатно трансферот е веќе завршена работа и на почетокот на јануари ќе биде и официјален.