Реал Мадрид го снима потенцијалниот тренер

    Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке изјави дека Томас Тухел во иднина би можел да го преземе Реал Мадрид.

    Тухел ја презеде Борусија после заминувањето на Јирген Клоп и во својата прва сезона имаше одлични резултати. Клубот заврши на второто место и се врати во ЛШ, а дека неговиот начин на работа некој го следи потврди Јоаким Вацке.

    „Имам одличен однос со Реал Мадрид и тврдам дека го следат Тухел. После првата сезона кај нас, Реал можеше да се види дека имаме вонсериски тренер. Флорентино Перез секогаш ме прашуваше за него, но знам дека им е на радарот“, изјави Вацке.

    „Сепак, не сме загрижени дали ќе останиме без него иако го сака Реал. Тој има договор со нас и кај него е подруга ситуацијата отколку кај некој фудбалер кој има 28 или 29 години кој има уште две, три сезони во нозете. Млад тренер е и пред него уште 20 години кариера“, заврши Вацке.