Реал Мадрид донесе одлука околу судбината на Бејл


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид му даде дозвола на Гарет Бејл да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Како што наведува шпанска Marca, раководството на Кралевите ќе го стави 28 годишниот Велшанец на трансфер листата.

По доаѓањето од Тотнхем, Бејл се соочи со голем број на повреди. Тоа многу влијаеше на неговата игра, па Велшанецот не покажа најдобро, зошто е платен 100 милиони евра.

Marca наведува дека раководството на клубот е спремно да прифати и помала сума од 90 милиони евра.

Интерес за овој фудбалер има од многу клубови и покрај неговите многубројни повреди. Се поврзува со Манчестер Јунајтед, Челси како и Тотенхем.

Тој во неполни пет години за Реал, одигра 173 натпревари, постигна 76 голови, но ги освои и сите можни трофеи.