Реал покажа колку му значи: Модриќ ќе заработува неверојатен износ и покрај повредата


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шпанските медиуми веќе долго време шпекулираат дека Лука Модриќ ќе потпише продолжување на соработката со Реал Мадрид.

    Хрватскиот 31-годишен играч за врска има договор до 2018 година и судејќи по се што покажа во последната година заслужува за европскиот шампион и понатака да верува.

    Порталот ОК Дарио тврди дека тоа веќе се случило и дека Модриќ и Реал ја продолжија соработката.

    „Модриќ веќе потпиша продолжување на договорот. Ќе остане до 2019 година со можност на продолжување на уште една година и ќе заработува седум милиони евра нето“, објави порталот.

    Лука така ќе добие и значително зголемување на платата бидејќи досега заработуваше 5.5 милиони евра годишно.

    Освен тоа, може да му се исполни и желбата да се пензионира во дресот на Реал бидејќи до 2019 година ќе има 34 години.

    Модриќ моментално е надвор од тимот и нема да биде два месеци после што го оперираше коленото. Случајно или не, Реал Мадрид за викендов без хрватскиот играч за врска одигра многу лошо и ремизираше со слабиот Еибар.