Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дресот на Кралскиот клуб би требало да го облече преспрективниот голман на Атлетик Билбао, Кеп Аризабалага, за кој актуелниот шпански и европски првак ќе даде 20 милиони евра.
Толку изнесува клаузулата за договорот на Кеп со Билбао кој истекува на крајот од сезоната, но во Реал не сакаат ништо да препуштат на случајот па се одлучија да ја активираат и да го купат младиот голман кој го посакуваат уште неколку клубови.
Реал Мадрид можат да го доведат Кеп многу лесно и бесплатно после завршување на сезоната, но челниците на клубот од Сантијаго Бернабеу не сакаат да се коцкаат, знаејќи дека во меѓувреме тој може да потпише нов договор со баскијскиот клуб.
Во Реал се надеваат дека трансферот ќе биде реалзиран веќе во првата седмица од 2018. година, а се шпекулира дека 23 годишниот чувар на мрежата ќе потшише шестгодишен договор според кој неделно ќе заработува 55.000 евра.
Кеп Аризабалага неодамна дебитираше за шпанската репрезентација против Костарика, а моментално е втор избор во Црвената Фурија после недопирливиот Давид Де Геа.