Револуционерска победа на Македонија, на 11 Октомври Македонија пишува историја – Македонија на ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Младите надежи на Македонија се пласираа на ЕП. Радувај се Македонијо!

    Репрезентацијата на Македонија со 21 година славеше со 2:0 против Шкотска на Филип Втори пред 25.000 гледачи.

    Фудбалерите на Македонија понесени од публика веднаш тргнаа по погодок. Тоа им се исплати во 18-та минута кога Маркоски се најде на вистинското место по одбиена топка и ја затресе мрежата на Фултон. Фултон набрзина по втор пат беше совладан. Барди со шут од далечина го зголеми водството на Македонија, 2:0. Во 38-ма минута беше досуден пенал за Македонија. Надежите имаа шанса за трет погодок, но шутот на Бабунски од белата точка беше лесен залак за голманот на Шкотска, Фултон. Во вториот дел резултатот не се промени, а Македонија славеше со 2:0. Со победата младите надежи се пласираа на ЕП.

    Голема услуга ни направи репрезентацијата на Украина која го совлада Исланд на кој му беше потребна победа за да се пласира на ЕП, 2:4.

    ТАБЕЛА:

    1. Македонија 21 бод
    2. Франција 20 бода
    3. Исланд 18 бода
    4. Украина 14 бода
    5. Шкотска 8 бода
    6. Северна Ирска 2 бода

    СЕКОЈА ЧЕСТ МЛАДИ НАДЕЖИ! На празник Македонија испиша историја.