До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арјен Робен се врати во тимот на одличен начин, но ќе мора да се адаптира на клупата.
Холандскиот фудбалер покажа на своето враќање на терен дека не заборави и понатака да игра фудбал на највисоко ниво.
Тој во мечот против Херта успеа да постигне гол во победата на Баерн од 3:0 иако 200 дена беше без меч поради повреда.
Сепак, Анчелоти пополека го уфрлување на терен, нема да брза со него цел Холанѓанецот што подобро да се подготви за продолжението.
Тоа што е сигурно, Робен нема да биде во стартниот состав за мечот со Хамбургер.
„Зборував со Робен, нема одма да го уфрлувам во првата постава, мора да се прилагоди на клупата некое време. Ќе игра во второто полувреме. Ноер, Левандовски и Хумелс ќе го играат тој меч, а малку ќе ротирам на останатите позиции“, рече Анчелоти.
Мислите дали воопшто има место во стартната постава на Баерн и кога ќе биде 100 % спремен имајќи ја во предвид пеколната конкуренција?















