Роналдо го продолжи патот кон рекордот кој нема да се заборaви


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кристијано Роналдо сигурно е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

    Го сакале или не, бројките дефинитивно зборуваат за него. Роналдо е сопственик на многу рекорди кој тешко дека во иднина ќе бидат рушени, а на добар пат е да руши уште еден.

    После четирите погодоци против Андора и еден против Фарски Острови тој стигна до бројката 66 погодоци.

    На тој начин се приближи до четвртото место на вечната листа на стрелци на интернационални погодоци. Пред Роналдо е Роби Кин со 68 погодоци.

    Ист број на погодоци како Роби Кин има Герд Милер. На првото место е Ференц Пушкаш кој за Унгарија постигна 84 погодоци, а на второто место исто така е унгарец, Сандро Кочич со 9 погодоци помалку. На третото место е Клосе со 71 погодок за Германија.