До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во текот на кариерата го тренирале многу различни тренери.
Роналдо е троен освојувач на Златната топка и сигурно е дека некои тренери имале влијание на тоа.
Португалецот порача дека легендарниот Сер Алекс Фергусон му беше како татко, но дека Мурињо го проучува секој детал.
„Имав многу тренери во текот на кариерата, но Жозе Мурињо беше најголем мислител. Тој го проучува секој детал, па дури и тој најмалиот.
Од друга страна, Фергусон го гледав како татко. Сите тренери беа многу важни, но кога дојдов во Реал Мадрид бев само поголем човек, додека пред доаѓањето во Јунајтед бев само дете“, рече Роналдо.
Да потсетиме дека Реал Мадрид токму под водство на Мурињо и тоа во сезоната 2011/12 ја освои последната Ла Лига.















