До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Галијани проба да го доведе во неколкуте последни преодни рокови, секогаш недостасуваше пари, сега работите на Сан Сиро се подруги.
Спорткиот директор на Милан Адријано Галијани во ова лето пробуваше да пронајде заеднички јазик со Виљареал но не му појде за рака.
Бидејќи немаа пари да ги исполнат условите на Жолтата подморница, пробаа да го доведат на позајмица со право на откуп, нп Шпанците не сакаа ни да слушнат.
Така Мусачио остана на Ел Мадригал, додека Милан остана со празни раце.
Се може да се промени во јануари, бидејќи Милан е спремен за „шопинг“ на зима, Мусачио може да ја промени средината.
Се верува дека во редовите на Виљареал го вреднуваат на 25 и 30 милиони евра, неговото доаѓање ќе биде важно за клубот од Сан Сиро, бидејќи на позиција стопер единствени квалитетни ги имаат Палета и Ромањоли.
Запата само што се врати од повреда, додека младиот Густаво Гомез сеуште мора да се адаптира.
Амбициите на клубот се јасни, место на табелата со што ќе се вратат на Лигата на шампионите, е крајна цел, нема сомнеж дека стопер каков што е Мусачио шансите изгледаат многу подобри.
Доколку пак не успеа да се пласираат, алтернативи се Бенфикин Лиделоф, како и централниот бек на Са0 Паоло, Родриго Кајо.
Швеѓанецот од редовите на лисабонските Орли има клаузула од 30 милиони евра, додека за Кајо ќе имаат конкуренција во Зенит од Санкт Петерзбург.















