До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, во оваа сезона минунува низ тежок период на Олд Трафорд.
Руни во оваа сезона обично ја грее клупата за резервни играчи, а се чини дека Жозе Мурињо нема намера да го врати напаѓачот во првиот тим на Јунајтед.
Во последно време се зборува многу за тоа дека Руни ќе го напушти Олд Трафорд, а после многу шпекулации се одлучи да се огласи и напаѓачот на Црвените ѓаволи.
Имено, челниците на Јунајтед потврдија дека Руни кажал дека нема намера да го напушти Олд Трафорд, и дека желба му е својата кариера да ја заврши во овој клуб.
Сепак, Руни додаде дека ќе замине од клубот доколку тоа Мурињо, но и челниците го побараат. Наводно, Руни се одлучи да ја заврши својата кариера после СП кое се игра во Русија на лето 2018 година. Иако го прослави 31 роденден се чини дека Руни веќе размислува за крај на кариерата.















