До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Филипе Кутињо е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, а неговите одлични игри не поминаа незабележани.
Фудбалер од кого лесно се откажаа во Интер е на мета на бројни гиганти, а ужива голема доверба кај Јирген Клоп.
Офанзивниот играч за врска на Енфилд стигна од Интер во 2013 година за 13 милиони евра, а сега вреди 35 милиони.
Со договор е врзан за Редсите до 2020 фгодина, и потенцијалните заинтересирани ќе мораат да понудат значително повеќе од проценетата вредност.
Бразилецот често се доведува во врска со премин во редовите на Реал, а тоа го посакува и неговиот легендарен сонародник Роналдо.
„Би сакал да го видам во Реал. Шпанскиот фудбал, без сомнение, е најквалитен. Примера секогаш ги привлекуваше најдобрите фудбалери и нудат најдобар фудбал“, изјави за шпанската радио станица „Онда Церо“.
Роналдо се изјасни и за најдобар играч на светот.
„Во изборот меѓу Кристијано Роналдо, Меси, Нејмар, секако би го вклучил и Луис Суарез. За најдобар го бирам Кристијано бидејќи е играч на Реал, но не смееме да заборавиме колку се добри Меси и Нејмар“, заклучи некогашниот одличен фудбалер на Барселона и Реал.
https://www.youtube.com/watch?v=30LopWcC020















