„Сакам секогаш да бидам на терен“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера славеа победа од 4:0 на гостувањето кај Еибар во рамките на шпанската Ла Лига.

Задоволен после мечот беше и играчот за врска на оваа екипа Иван Ракитиќ кој порача дека ова беше многу незгодно гостување.

„Еибар одигра вистински домашен натпревар. Ова е многу незгодно гостување. Чекавме и бевме доволно стрпливи, а после првиот гол заигравме многу подобро. Ова беше заслужена победа, а сега мораме да продолжиме на овој начин“, рече Ракитиќ.

Тој исто така се наврати и на повредата на Бускетс после што заигра како последен играч за врска.

„Спремен сум на се, така можам да заиграм на таа позиција бидејќи секогаш сакам да бидам на терен. Тоа сакам да го докажам на тренерот, спремен сум да играм на било која позиција“, порача Ракитиќ после мечот.