До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот фудбалер го загуби местото во Ливерпул, се очекува во јануари да го напушти клубот, сега се појавија заинтересирани страни и од Италија.
Мамаду Сако од незаменлив шраф во одбраната на Редсите за многу кратко време стана вишок.
Имаше проблеми со допингот, на крајот го реши тој спор, но во меѓувреме ја загуби довербата на Јирген Клоп.
Џоел Матип заслужено влезе во првиот состав на Ливерпул, Сако е во резервниот тим со цел да остане во форма.
Се е јасно дека ќе го напушти Енфилд, веројатно веќе во јануари, заинтересирани страни има многу.
Најновата информација укажува дека миланските гиганти се заинтересирани токму за неговите услуги.
Од Интер и Милан се очекува голем број на купувања во наредниот преоден рок. Новиот стратег на Нероаѕурите сака некои нови играчи во тимот, додека Монтела е свесен дека Росонерите мора да се засилат со цел да продолжат со добрите резултати.
Секако дека ова звучи многу примамливо за 26-годишниот фудбалер на Ливерпул, делува сосема реално за од зима да го гледаме во црвено-син или црвено-црвен дрес на миланските клубови.















