Санчез обвинет за затајување на данок во Шпанија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалер на Арсенал Алексис Санчез е обвинет за затајување на данок во Шпанија во времето кога играше за Барселона.

    Обвинителството објави дека Санчез не платил данок на заработка од 983 443 евра меѓу 2012 и 2013 година.

    Во обвинителството се наведува и дека чилеанскиот фудбалер користел една компанија од Малта да избегне плаќање на данок на заработка од комерцијални права на својот лик.

    „Алексис Санчез во целост ги почитуваше законите во земјата во која живееше. Плати данок, а целиот приход од комерцијални права е пријавен на одговорните институции“, стои во соопштението на агентот на Санчез.

    Санчез во Арсенал стигна токму од Барселона во 2014 година за 35 милиони фунти.