До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Напаѓачот на Арсенал Алексис Санчез може наскоро да го напушти овој клуб.
Иако Алексис и Арсенал веќе три месеци преговараат околу нов договор, засега нема поголеми промени, а ситуацијата може да ја искористат некои други клубови.
Прво се појави инфорамција дека Јувентус е заинтересиран за Алексис, но конкуренцијата очигледно ќе ја прави екипата на Манчестер Сити кој истотака сака да ги засили своите редови со овој одличен фудбалер.
Се претпоставува дека Арсенал за него, во случај на продажба, ќе бара околу 50 милиони фунти. Санчез во оваа сезона одигра 11 мечеви во Премиер лигата и постигна шест голови.















