Саутгејт додаде уште двајца фудбалери на списокот

    Привремениот селектор на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт додаде уште двајца фудбалери на списокот на играчи кои беа повикани за големото британско дерби кој на распоредот е во петок против Шкотска, како и за пријателскиот натпреварот што е два дена подоцна против Шпанија.

    Саутгејт го повика фудбалерот на Вест Хем, Арон Кресвел поради одличните натпревари откако се опорави од повредата на стартот на сезоната, а исто така повикан е и младиот голман на Сандерленд, Џордан Пикфорд кој одлично бранеше во првата победа на неговиот тим оваа сезона и тоа на гостувањето против Борнмут во сабота.

    Тоа е прв повик за Кресвел во репрезентацијата, а споменатите двајца фудбалери денеска ќе се приклучат на припремите на репрезентацијата.