„Се врати Пеле“: 20 години од голот кој ја одбележа историјата на Примера


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Денеска се навршија точно 20 години од веројатно најубавиот погодок во историјата на шпанска Примера.

    Многу фудбалски стручнаци и навивачи сметаат дека ова ремек дело е најубав гол кој некогаш го виделе.

    Автор на антологискиот гол беше легендарниот Бразилец Роналдо, кој во дебитанската сезона за Барселона постигна одлични 47 голови.

    Дуелот меѓу Компостела и Барса заврши со 5:1 за гостите, но фудбалскиот свет се сеќава на само еден момент од 36 минута кога тогаш брзоногиот напаѓач само тргна во пресметка со дефанзивецот на домаќините.

    Тогаш од центарот на игралиштето нанижа 5-6 играчи, а тогаш и рутински го матираше голманот.

    Легендарниот Боби Робсон, кој тогаш ја водеше Барселона, рече дека никогаш во животот не видел таков гол, а работеше во цел свет.

    Позната е и неговата реакција кога со рака удираше по глава од неверување од тоа што го виде.

    Жозе Мурињо, кој работеше како асистент во каталонскиот клуб, влезе во теренот додека Пеп Гвардиола прв од соиграчите честиташе на Роналдо.

    Мадридскиот весник АС утре, 13 октромври 1995 година ќе напише како наслов: „Се врати Пеле!“.