Се знае наследникот на Арсен?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дејли Мирор денеска објави приказна дека Венгер нема да го продолжи договорот, а веќе му нашле и наследник.

    Како што обично бива, англиските медиуми се упорни во наметнување на одредени приказни, како што оваа со Арсен Венгер како потенцијален нов селектор на репрезентацијата на Англија.

    Голем број на странски медиуми пишуваа за таа можност, а тогаш се доведува во прашање и местото на нов тренер на Арсенал, поради тоа што дефинитивно Венгер нема да седи на две столици, како што и самиот изјави.

    На Венгер истекува договорот на крајот на оваа сезона, но се споменуваше дека најверојатно ќе остане тука и после заврпшувањето на оваа кампања со Арсенал, посебно доколку има трофеј.

    Неговата екипа игра одлично во последните неколку натпревари, покажаа добра форма и доколку вака продолжат, може да бидат и главни конкуренти за освојување на титулата во Премиер лигата за која не знаат од 2004 година.

    Да се навратиме на приказната која ни ја пласираше Дејли Мирор, тие пронајдоа и замена за Арсен Венгер доколку тој замине од местото тренер на Арсенал.

    Тоа е Томас Тухел, сегашен тренер на Борусија од Дортмунд. Наводно, тој е во кавга со челниците на клубот, и иако сам ја составуваше екипата пред почетокопт на оваа сезона, можеби и да ги напушти на крајот доколку нема трофеј.

    „Мирор“ го гледа како замена за Венгер, што мислите вие?