„Се надевам дека повторно ќе видиме победнички Милан“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Милан Рикардо Монтоливо призна дека бил многу емотивен кога се вратил на терен после седум месеци пауза.

Тој ги повреди лигаментите на коленото во октомври минатата година во квалификациски натпревар на репрезентацијата на Италија против Шпанија, а се врати во минатиот викенд во натпреварот на Милан против Аталанта кој е завршен со резултат 1:1.

„Се вратив, дишев во таа преубава атмосфера во натпреварот, ја мирисав тревата на теренот. Сите тие ситуации кои ви недостасуваат кога не сте на теренот долг временски период.

Во  натпреварот пробав да придонесам, што не беше лесно. Направив многу грешки, но сум убеден дека во следниот пат нема да биде така“, рече Монтоливо.

Играчот за врска на Милан не е задоволен со резултатот на својата екипа во оваа сезона.

“Се надевам дека повторно ќе видиме победнички Милан и мислам дека имаме добри шанси за такво нешто и да се случи. Мораме да ја следиме таа победа во Доха“, рече Монтоливо потсетувајќи се на триумфот на Милан над Јувентус во рамките на Суперкупот на Италија.