Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот тенисер, Хуан Монако денеска соопшти дека ја завршува својата 14 годишна кариера.
Монако некогаш беше 10ти на АТП листата, се одлучи за пензионирање на својата 34 година а од фановите се прости со емотивно писмо.
„Иако ова прави голема носталгија, мислам дека ја донесов вистинската одлука. Прекрасниот дел на мојот живот го пронајде својот крај и денеска се простувам од професионалниот тенис. Тажен сум бидејќи ќе ми недостасува тенискиот терен. Сепак, среќен сум бидејќи го работев тоа за кое сонував уште од мали нозе.Тенисот ми даде многу незаборавни момент, благодарен сум на тоа. Им благодарам и на сите мои сопатници кои беа со мене овие 14 години“ – вели Монако.
Монако во кариерата освои 9 АТП титули, а најдобар беше на крајот од 2012 година кога беше 10ти на АТП листата.