Се посрамотија - Десетка со кромид за македонската женска репрезентација до 19 години

    Во натпревар од групата за пласман на ЕП, женската репрезентација на Македонија до 19 години беше декласирана од репрезентацијата на Ирска со 10:0.

    После дваесет и пет минути игра на теренот, репрезентативките на Ирска имаа водство од 3:0. Кирнан, Приор и Фин ја затресија мрежата. Во 45-та минута Кирнан погоди за 4:0. Приор во второто полувреме го постигна вториот погодок за натпреварот и пети за Ирска. Во периодот од 63-та до 69-та минута женската репрезентација на Македонија прими уште три погодоци. Кирнан со погодокот постигна хет-трик, Кавах и Рајан Дојл. Кирнан го постигна четвртиот погодок, а девети за Ирска 9:0. Конечните 10:0 ги постави Кавах во 90-та минута. Во овој натпревар остана да се спомне дека репрезентацијата на Македонија остана со фудбалерка помалку во 71-ва минута кога Милановска доби црвен картон.

    Следниот натпревар на женската репрезентација на Македонија до 19 години е на 20-ти октомври против Италија која денес славеше против репрезентацијата на Велс со 0:6.