Севиља нова жртва на каталонците – Меси и Суарез го замолкнаа Рамон Санчез Пискуан


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во последниот натпревар од единаесетото коло во Ла Лига, фудбалерите на Барселона славеа на Рамон Санчез Пискуан со 1:2 против Севиља.

    Луис Суарез на почетокот на натпреварот имаше шанса за водство на Барселона, но голманот на Севиља, Серхио Рико спречи рано водство на каталонците. Во 15-та минута Роберто му поклони погодок на Витоло кој излезе сам со Тер Штеген и му донесе водство на Севиља. Вието после неколку минути шутираше непрецизно. Две минути пред крајот на првото полувреме Лионел Меси го израмни резултатот. Почетокот на вториот дел донесе одличен удар на Ракитиќ од далечина кој беше запрен од Рико. Аргентинската ѕвезда, Лионел Меси шутираше непрецизно во 60-та минута. Само минута подоцна Лионел Меси асистираше, а Луиз Суарез погоди за водство на Барселона, 1:2. Севиља шанса за израмнување имаше преку Н Зонзи кој го глава шутираше непрецизно. Нова голема шанса на Суарез за зголемување на водството имаше кога излезе еден на еден со Рико, но шпанскиот голман излезе како победник. Барселона си замина со цел плен од Андалузија и повторно има два бода негатива во однос на лидерот Реал Мадрид.

    На Камп Ноу во следното коло Барселона ќе ја пречека Малага, а Севиља игра на гости против Депортиво Ла Коруња.