Селекторот на Уругвај ги воодушеви сите со изјавата после поразот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на Уругвај ги воодушеви сите после поразот во четврт финалето на Мундијалот од Франција.

После мечот призна дека Франција заслужено славеше, а потоа ги воодушеви сите со реченицата дека овој успех на неговата селекција е реална слика на фудбалот кај нив.

„Не ѕнаевме да ги искористиме проблемите кои ги имаше Франција во играта. Тргнавме многу агресивно, но тие дадоа гол и тој момент беше пресуден. Немавме решение ѕа нивната игра и дадовме се од себе, но тие беа подобри. Тоа мораме да го признаеме“, иѕјави Табарез.

Додаде и дека многу се тажни, но дека животот продолжува и дека ова е реалност ѕа уругвајскиот фудбал.

„На нашиот сон му дојде крајот, но тоа не значи дека не можеме да ја освоиме Копа Америка. Имаме соништа кои ќе пробаме да ги оствориме. Многу големи земји излегоа пред нас и да не драматизираме многу, ова е реалното достигнување“, додаде Табарез.