Сензација – Адем и Шкупи ја паднаа на колена Шкендија среде Тетово


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во заостанатиот натпревар од ПМФЛ, фудбалерите на Шкупи славеа против Шкендија со 0:1 во Тетово.

    Натпреварот беше одложен поради тоа што Шкендија играше натпревари за пласман во групната фаза во Лига Европа.

    После првото полувреме резултатот беше 0:0. Во второто полувреме беше постигнат единствениот погодок на натпреварот. Одбраната на Шкендија лошо реагираше, а тоа го искористи Ермедин Адем кој му донесе водство на Шкупи. До крајот резултатот не се промени, 0:1 и голема победа за скопскиот клуб.

    Шкендија после овој пораз има пет бода заостанување зад лидерот Вардар. Со денешната победа Шкупи се искачи на шестото место.