Сензација од Островот: Гвардиола сака под итно да доведе поранешен Каталонец од дури 60 милиони евра


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пеп Гвардиола беше во Португалија, каде што го следеше дербито меѓу Бенфика и Брага. Медиумите открија дека причината е всушност левиот бек на Орлите, Алекс Грималдо.

    Ова момче, роден во Австралија, стигна во прочуената Ла Масија уште во 2011 година. Веќе во наредната година стана најмлад дебитант во историјата на Секунда, но никогаш не доби шанса во првиот тим на Барселона.

    Пеп Гвардиола беше во Португалија, каде што го следеше дербито меѓу Бенфика и Брага. Медиумите откријаа дека причината е токму левиот бек на Орлите, Алекс Грималдо.

    Во минатата зима, левиот бек пред истекот на договорот со Каталонците потпиша за Бенфика, која исплати 1.5 милиони евра и се обврза на процент од идното продавање.

    Момчето буквално експлоадираше, стандарден е во тимот на позиција лев бек и Гвардиола сака да го доведе веќе во јануари.

    Тоа значи дека во тимот ќе го замени Гаел Клиши, додека Александар Коларов е целосно безгрижен. Имено, Србинот е еден од најомилените играчи на Пеп.

    Меѓутоа, доведувањето на Грималдо сигурно нема да биде ниту малку лесно, бидејќи Бенфика во договорот стави клаузула од неверојатни 60 милиони евра.

    Сигурно дека нас во јануари не очекува многу возбудлив трансфер рок…