Сер Алекс е голем човек: Ливерпул оди на титула во оваа сезона, тие се голем клуб


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон отворено проговори за ситуацијата во Ливерпул.

    Како што нас не навикна и за време на кариерата, Фергусон повторно докажа за својата големина кога толку пофално зборуваше за најголемиот ривал на Манчестер Јунајтед.

    Имено Фергусон рече дека Ливерпул после 20 години е конкурент во Премиер лигата, и дека мораат да се бројат во борбата за титулата во оваа сезона, а најмногу поради Јирген Клоп.

    „Се случува најголемите светски клубови да имаат очајна серија која може некогаш да трае и две децении. Токму таков е и Ливерпул кој промени голем број на менаџери во тој период, но тие менаџери не го менуваа идентитетот на клубот. Јирген Клоп Да. Во оваа сезона не можете да не го броите Ливерпул како важен кандидат за титулата“, рече Фергусон.

    Ливерпул го дели првото место со Арсенал и Манчестер Сити со по 20 освоени бодови.