Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Сите останати лиги започнуваат на 13ти август. Веќе побарав кај надлежните да започнува и Серија А порано“ – вели Вентура, селекторот на Италијанската репрезентација.
Во групата на Италија е и Шпанија, како и нашата Македонија. Шпанија е прва со 10 бода колку што има и тимот на Вентура, но гол предност имаат дечките од црвената фурија.
Оваа сезона Серија А започна на 20ти август, а Вентура на дебито во Септември беше поразен од Франција.
„Со играчите зборував 48 часа пред натпреварот и тоа за прв пат. Мора да започнува порано лигата. Тој пораз од Франција со 3:1 не посрамоти во фудбалскиот свет“ – вели Вентура