До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што донесува Goal.com, тренерот на Челси сака да доведе по едно засилување во секоја линија на екипата, но приоритет е сепак одбраната.
Во ова лето Антонио Конте со сите сили сакаше да го доведе Леонардо Бонучи. Сепак, италијанскиот репрезентативец остана верен на Старата дама, но тоа не значи дека Челси се откажа од него.
Конте и понатака инсистира на сонародникот, но за секој случај ја прошири листата за да не му се случи да остане без засилувања ако Бонучи не дојде на Стенфорд Бриџ.
Потенцијални засилувања, очекувано доаѓааат од Италија.
Со Бонучи, поранешниот селектор на Аѕурите на мета ги има Алесио Ромањоли од Милан, како и Антонио Рудигер од Рома. Ако сите опции од Италија пропаднат, Челси тогаш ќе се сврти кон Мајкл Кин од Барнли.















