Тактичките грешки на Мурињо кобни: Сити го доби првото мега дерби во Премиер лигата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Можеби најскапиот натпрвар во историјата на фудбалот се играше денеска, на Олд Трафорд во Манчестер во рамките на 4тото коло од Прмиер Лигата.

Одличен фудбал, милина за очи, фудбал со каков што отсекогаш располагала Англија, исполнет со шанси и на двете страни, неизвесност до безкрај.

Денеска одличен фудбал ни понудија двете најдобри екипи од Манчестер, Сити и Јунајтед во дербито на колото кое се играше на Олд Трафорд со почеток од 13:30 минути.

Славеше Манчестер Сити со 1:2. Првиот гол го постигна Де Брујн по сензационална грешка на Блинд, а асистен беше Ихеначо. Тоа беше во 15тата минута од натпреварот. Вториот гол го постигна токму асистентот на првиот во 36тата минута од натпреварот кога Де Брујн погоди статива па топката се „удри„ од Ихеначо и влезе во голот на Де Геа за водство од 0:2 за „граѓаните„. Златан Ибрахимовиќ, кој друг ако не тој стрелаше 3 минути пред крајот на првото полувреме за 1:2.

Второто полувреме без голови но со многу интересен фудбал и на двете страни, исполнет со шанси, но не реализирани.