Скандал – Наместен натпревар на европските квалификации за СП


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    „При постигнувањето на погодоците навистина не можев ништо да направам, а имав неколку фантастични одбрани“, тврди голманот на Малта.

    Новиот потенцијален скандал во светот на фудбалот. ФИФА почна со истрага за наместен натпревар на европските квалификации за СП 2018-та година помеѓу Литванија и Малта која беше одиграна пред 20 дена и заврши со резултат, 2:0.

    Деталите ги откри голманот на Малта, Ејндру Хог.

    „Делегатот на натпреварот пред почетокот дојде во соблекувалната за да ги препупреди фудбалерите за можност за местење на натпреварот. Беше чудно и незгодно бидејќи не обвинуваше нас за лажење. Знам дека не би направил такво нешто и немав појма за што се зборува“, изјави Хог.

    „Помислив ако ја зафркниме работата ќе завршиме во затвор. Меѓутоа при постигнувањето на погодоците навистина не можев ништо да направам, а имав неколку фантастични одбрани“, заврши Хог.

    Литванија победи во споменатиот натпревар со погодоците на Черних и Новиковас со 2:0.