До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сеск Фабрегас се наоѓа во немилост на Антонио Конте, од почетокот на сезоната на клупата, а на последниот натпревар со Хал каде што Челси играше во формација 3-4-3, преседе на клупата.
Фабрегас не доби побик од селекторот на Шпанија Хулен Лопотеги дури и после повредата на Хави Мартинез и Саул Нигез, па се одлучи да се релаксира во Лондон.
Тој на својот Снепчет сподели фотографии со „нездрава“ храна која меѓу фудбалерите често е забранета од страна на нутриционисти и доктори.
Со пица и слатки и сладолед, Фабрегас не го криеше проводот во слободната вечер, а тоа на друштвените мрежи веќе предизвика загрижени коментари на навивачите кои стравуваат дека Шпанецот на овој начин суптилно сака да замине од клубот или да пркоси поради своето незадоволство.
Да потсетиме, за него сериозен интерес покажа Милан кој сака да го доведе веќе во зимскиот преоден рок.
Шпанецот после долго време нема обврски кон репрезентацијата, а паузата меѓу две недели од наредниот натпревар ќе преседе на клупа со пица и слатки.
Cesc enjoying himself.. #NotStartingSoFuckIt pic.twitter.com/nQN7VLzvZk
— Adam (@Chalobahed) October 4, 2016
I actually found this hilarious. https://t.co/mxOYUl2OfS
— ️ (@InfamousChelsea) October 4, 2016
Cesc is PMSing more than I am lol pic.twitter.com/q05ZPPyQ5i
— MAYDA.17 (@Meow) October 4, 2016
@Chalobahed Has the lowest fat percentage of the whole squad. I think he’s allowed a pizza in a week off.
— #CarefreeDaily ???? (@CarefreeDaily) October 4, 2016















