Снимките од спарингот на МекГрегор покажуваат дека тој е во одлична форма (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


 

Дејна Вајт, претседателот на УФЦ а воедно и организаторот на борбата помеѓу Конор МекГрегор и Флојд Мејведер, објави на својот Инстаграм профил неколку видеа од припремите на МекГрегор за боксерскиот спектакл кој треба да се одржи на 26 август.

 

На двете видеа може да се види дека МекГрегор знае да боксува. Негов спаринг партнер е Поли Малињаги, поранешниот шампион во ИБФ и ВБА.

На второто видео се гледа ситуацијата од сликата која излезе пред некој ден во која Малињаги е на земја а МекГрегор стои исправен во рингот.

 

Борбата помеѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор треба да се одржи на 26 август и се очекува двајцата учесници да инкасираат по нешто повеќе од 100 милиони.