Соколите паднаа во последната четвртина - Партизан со многу мака славеше во Скопје

    Koшаркарите на Карпош Соколи беа поразени од Партизан во натпревар од четвртото коло со

    Гостите од Белград подобро влегоа во натпреварот. Првата четвртина ја добија со 20:22. Стартот на вториот дел беше израмнет. Кошаркарите на Партизан на средината на втората четвртина стигнаа до високи 8 поени предност, 32:40. Соколите тоа водство со серија од погодоци намалија на 1 поен негатива, 39:40. На полувреме се замина со предност од 1 поен на Партизан, 41:42. Следуваше подобро отворање на гостинските кошаркари, 43:50. Кошаркарите на Карпош Соколи успеаа да се вратат и од таа негатива, но и да стигнат до предност од 6 поени, 56:50. Во последните 10 минути од натпреварот се влезе со предност на Партизан од 1 поен, 61:62. Четвртата четвртина беше пресудна за победа на Партизан кои ја одиграа фантастично. Гостите од Белград направија голема предност од 9 поени која за соколите до крајот на натпреварот беше недостижна. Партизан славеше со 77:84.

    Хачер со 21 поен го предводеше Партизан до победа. Величковиќ додаде 13, а Ратковица 12 поени. Зековиќ и Лабовиќ со 15 поени беа најефикасни во тимот на Карпош Соколи. Двоцифрени на овој натпревар беа и Пери(14), Вркиќ(11) и Дувњак(10).