Соколите се предадоа во последната минута – Сутјеска со пресврт му четвртиот пораз во БИБЛ на Карпош Соколи


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Сутјеска славеа со 85:81 против во петото коло од БИБЛ против Карпош Соколи.

    Првата четвртина кошаркарите на Сутјеска ја добија со 23:19. Во втората четвртина соколите одиграа катастрофално и на полувреме заминаа со негатива од 50:37. Одличната трета четвртина на Карпош Соколи му донесе минимална предност за во последните десет минути, 62:63. Соколите имаа водство се до последната минута од натпреварот. Гајовиќ со двете слободни фрлања му донесе водство на Сутјеска, 80:79. Истиот кошаркар погоди тројка за водство од 83:79. Сутјеска ја запиша четвртата победа оваа сезона во БИБЛ.

     

    Гајовиќ со 21 поен ја предводеше Сутјеска до победа. Салиќ додаде 18, Томас 17, а Џејмс 16 поени. Кај Карпош Соколи најефикасен беше Лабовиќ со 18 поени. Соколов постигна 16, Врбанц 14, Вркиќ 11, Мавра и Зековиќ 10 поени.