Солари: Жал ми е за луѓето кои за Бензема слушнаа дури во изминатата седмица


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


На крилата на Карим Бензема, мадридски Реал оствари победа против Жирона во четвртфиналето на Купот на Кралот и оствари пласман во завршницата на натпреварувањето.

Францускиот напаѓач во синоќешниот меч постигна два гола и продолжи со одличните настапи оваа сезона во која постигна 15 голови на 33 натпревари.

Тренерот на Реал, Солари го пофали Бензема, а истакна дека жали што некои луѓе дури оваа седмица дознале за Бензема.

„Жал ми е за луѓето кои не знаеа за Бензема сево ово време. Сеуште имаат шанса да го открпијат, посебно оние кои во изминатата седмица слушнаа за него“, рече Солари.

Реал оваа сезона доста се мачеше, сепак во последно време играат многу добро и влегуваат во вистинска форма.

„Секогаш сме тука, ја чекаме својата шанса. Го имаме тој натпреварувачки дух, ова етим на борци и победници кои сакаат да продолжуваат да победуваат“, рече Солари.

Овој викенд Реал Мадрид игра против Алавес.