Солскер го открива планот за гостувањето кај ПСЖ: Може ли ова да му успее?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солксер го изнесе планот по кој има намера неговиот тим да одигра на гостувањето против ПСЖ.

Јунајтед на првата средба од 1/8 финалето од ЛШ изгуби на домашен терен со 2-0 од ПСЖ и ќе имаат многу тешка задача во Париз.

Сепак, очигледно Солскер нема намера да се откаже, па го изнесе и планот по кој неговиот тим ќе игра.

„Како прво ќе излеземе на терен и ќе уживаме во натпреварот. Знаеме дека ќе биде тешко, така да ова е голем предизвик за играчите кои ќе излезат на теренот и ќе мораат да покажат што знаат“, изјави Солскер, па додаде:

„Подобро да победиме 4-2 отколку 2-0. Ќе мораме да одиграме добро прво полувреме. Ако успееме да поведеме 1-0 во првото полувреме, тогаш се е можно во второто. Можеме да отидеме таму, да постигнеме гол и да направиме вистински хаос во последните 15 или 20 минути“, изјави Норвежанецот.