До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон изјави дека синоќа му се исполни сонот поради тоа што прв пат во кариерата победи во трката на Формула 1 за Големата награда на Бразил и додаде дека во последната трка ќе даде се од себе со цел да ја одбрани шампиоската титула.
„Ловев бодови и тоа е се што сега можам да направам. Конечно се беше во ред со болидот и тоа резултатите покажуваат. Ќе дадам се од себе во последната трка, но сега сакам да уживам во овој момент. Победата во Бразил беше мој сон откако овде ја гледав победата на Аиртон Сена. Оваа победа ја сонував од мал“, рече Хамилтон после трката.
Хамилтон синоќа прв пат во кариерата победи на стазите Интерлагос и дојде на 12 бода заостанување зад клупскиот колега Нико Розберг, во пресрет на трката во сезоната во Абу Даби, на 27 ноември.
Трката во два наврати е прекината поради исклучително лоши услови на стазите поради силниот дожд, а Хамилтон успеа да го сочува првото место.
„Уживав на чело. Ова беше лесна трка. Кога е дожд, тоа е воглавно добар ден за мене. Голема благодарност должам на мојот тим, создаваме историја. Не беше грешка, немаше драма, вртења, а ќе биде интересно да слушнам колку имаше вртења на стазите позади мене“, додаде трикратниот светски шампион.
Хамилтон ја оствари 52 победа во кариерата и го презеде второто место на вечната листа од Алан Прост.
Пред него е само Михаел Шумахер со 91 победа.
Розберг рече дека е задоволен со второто место. На него за титула ќе биде потребно да го освои второто место или третото место, и ако Хамилтон победи за две недели.
„Не успеав да победам, а Луис заврши одлична работа. Условите на стазата беа тешки, а сигурно е дека можам да живеам со второто место во денешната трка. Одлукака за прекин на трката беше добра“, рече Розберг.
Третото место го зазеде возачот на Ред Бул Макс Верстапен, после одличното возење во завршницата кога помина неколку возачи и успеа да обезбеди подиум.
„Трката беше неверојатна, со прекини и тешки услови, поготово на рамно. Кога бев на 14 и на 15 место не знаев каде се наоѓам, но имав неколку одлични заобиколувања и успеав да стигнам на подиумот“, рече Верстапен.















